
Полицајци од Тетово искорнале 160 стебла марихуана во тетовско Фалише.
Стеблата биле со различна големина од 80 до 170 сантиметри и истите се испратени на вештачење.
Извршен е увид со учество на јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, се работи на расветлување на сите поединости околу тоа дали стеблата се самоникнати или некој ги посадил на таа површина.