
По повод 90 годишнината на германскиот клуб Минден, на гости им дојде големата Барселона во нивната прва контролна средба во предсезоната. Без Рутенка, тренерот на каталонците Пасквал имаше можност да ги проба сите останати ракометари против солидниот бундеслигаш предводен од бившиот швајцарски селектор Горан Перковац.
Со Сигурдсон во стартниот состав како единствен од тројцата новајлии кој го почна мечот, Барса во првиот дел без натпреварувачки ритам го бркаше германското водство. Видливо беше дека Минден е понапред во физичката подготовка. Шмит и Светица погодија за 7:5, па следеше првата реакција на фаворитот и гол на Лазаров за 8:9 во 19 минута. Но до полувремето Минден се одлепи за прв пат на +3, за на одмор да замине со одбраните на Вортерс и головите од контранапад со највисоки 19:14.
Во овој период блескаше Шмит со серија на убави голови. На почетокот од второто полувреме играта на Барса се повеќе беше конфузна. Неизнудените грешки го доведоа Минден со нови два гола на Шмит до високи 23:16 во 34 минута. Пасквал побара тајм-аут, го консолидира тимот и во 12 минути, Барса направи серија 8:1 и дојде до 25:24, за тајм аут сега на Перковац. Во овој период Карабатиќ и Сигурдсон со серија на лесни голови ја вратија самодовербата на шпанскиот првак. Во последните 10 минути се разбрани голманот Гонзало и Виран Морос со два гола на Барса му донесе водство. На крајот Сигурдсон во своето деби го зададе завршниот удар за 30:31 и победа на Барса во првиот контролен натпревар.
Минден:
Вортерс, Ејенс, Фрајтаг 3, Швапсмајер 1, Козлина 3, Антоневич 1, Штајнер 2, Куткел 1, Торбриџ, Нимајер 3, Шмит 9, Светица 4, Онето
Барселона:
Гонзало, Шариќ, Нодесбо 4, Томас, Ентрериос 2, Сорондо 2, Сармиенто 3, Арињо 1, Гурбиндо 3, Сигурдсон 7, Виран Морос 2, Карабатиќ 6, Саубич, Жалуз, Лазаров 1