
Солза Грчева и Љубица Буралиева се исклучени од СДСМ поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата.
Ваквата одлука е донесена на вечерашниот Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз каде, информираат од партијата, едногласно е усвоена Стратегијата за идно делување на СДСМ.
-Во сите дискусии во текот на вечерашната дебата на Централниот одбор беше потврдена цврстата решеност за спроведување на ставовите донесени на Конгресот на СДСМ – велат од СДСМ.