Групна тепачка во селото Долна Ѓеновица, гостиварско.
Вчера, поради меѓусебни недоразбирања по кратка вербална расправија настанала тепачка помеѓу две групи, од едната страна Д.Н.(76), А.Е.(24) и Ќ.Џ.(22) и од другата страна Ш.Ш.(48), Н.Ш.(42) и Е.Ш.(17) сите од село Долна Ѓеновица.
Од тепачката со телесни повреди се здобиле лицата А.Е. и Ќ.Џ., на истите им е укажана лекарска помош во клинката во Гостивар, додека Д.Н. поради сериозност на повредите е пренесен во Клинички центар Скопје.