
На 16-ти овој месец во полициската станица Неготино за исчезната била пријавена 17 годишната Ј.В.П. која е со постојано живеалиште во Шведска.
Имено девојчето со нејзината мајка било на одмор во Македонија и поради тоа што многу и се допаднала земјата не сака да се врати во Шведска.
Жителите на Демир Капија велат дека исчезнувањето на девојчето е најверојатно детска непромислена шега.
Тие раскажаа дека деновиве мајката и ќерката требало да се вратат назад во Шведска и се надеваат дека полицијата ги знае информациите каде би можело да биде побегната малолетна девојка.