Русија денеска изведе голема проба на рактното оружје со ангажирање на 800 војници на југот, на само стотина килметри источно од Украина, јавува руската војска.
„Денеска лансиравме 20-тина проектили S-300 и S-400“, рече полковникот Игир Климов, а пренесува новинската агенција Интерфакс.
Такви системи за противавионска и противракетна одбрана можат да и нанесат огромна штета на потенцијалните непријатели и да елиминираат мети на големи и мали висини, додава Климов.
Пробите се изведени од базата Ачулук во Астраханската област, кај границата со Казахстан, на неколку стотина источно од границата на Русија со Украина.