САД продолжија со воздушни напади врз џихадистите во Ирак

Американските сили извршиле нови воздушни напади врз џихадистите од Исламската држава во Ирак.

Новите напади доаѓаат откако џихадистите денеска објавија видео со приказ на отсекувањето на главата на американски новинар и се заканија дека ќе го егзекутираат и вториот доколку, американските авиони не престанат со бомбардирањата.

Белата куќа ја потврди автентичноста на видеото, што ја покажува егзекуцијата на новинарот Џејмс Фоули.

– Разузнавачките служби ја анализираа снимката и заклучија дека таа е автентична, соопшти портпаролката на Советот за национална безбедност Кејтлин Хејдн.