
Американскиот новинар Џејмс Рајт Фоли е обезглавен, а со неговото убиство припадниците на ИСИС испраќаат порака до САД да ги повлечат силите од Ирак.
Фоли исчезнал на 22 ноември 2012 година додека работел во Сирија.
ИСИС објави фотографии и снимка насловени како „Порака за САД“ на кои се гледа грозоморниот чин.
Исто така групата се заканува дека ќе убие уште еден американски новинар кој е во заложништво од август минатата година, доколку Барак Обама не нареди прекин на нападите врз ИСИС.