За два дена 106 жртви од ебола во Западна Африка

За два дена, 17 и 18 август, во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја регистрирани 106 нови случаи на починати од ебола, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО).

Истовремено, бројот на новозаразени е зголемен за 221 лице.

Од декември минатата година, кога почна епидемијата на ебола, досега животот го загубија 1.350, а заболени се 2.473 лица.

Најтешка е состојбата во Либерија, каде за два дена од вирусот починале 95 лица. Вкупниот број на жртви од ебола во земјата достигна 579 лица.