
Заврши Меѓународниот младински турнир во ракомет „Скопје куп 2014“ кој се одржа во периодот од 13 – 19 август во организација на Р.К.Работнички во соработка со Град Скопје, и Ракометната федерација на Македонија.
На турнирот учествуваа 15 екипи од Македонија, Србија и Црна Гора, составени од ракометари и ракометари родени 1998 година и помлади.
Во машка конкуренција учествуваа екипите на РК. Металург; РК. Железничар; РК. Бар; РК. Бисинов; РК. Ѓорче 64; РК. Метрополис; РК. Текстилец; РК. Метеор; РК. ХЈС и РК. Металург 2, додека во женска конкуренција на паркетот, силите си ги одмерија ракометните екипи: ЖРК. Металург; ЖРК. Будучност; РК. Велкова; РК. Делчево и РК. Бар.
Во машка конкуренција победник е екипата на РК Металург, а во женска победник е екипата на РК Бар од Црна Гора.
На турнирот учествуваа 350 млади спортисти и истиот претставува најголем турнир во ракомет за млади категории досега одржан во Република Македонија.
Скопје Купот се одигра во согласност со правилата на ИХФ и ЕХФ и на Ракометната федерација на Македонија. Натпреварите се одиграа во спортската сала Расадник, во Кисела Вода и во спортската сала Ѓорче Петров, кај средното училиште „Кочо Рацин“.Тимовите беа поделени во групи од по пет екипи, а сите екипи играа помеѓу себе. Секоја екипа којашто извојуваше победа добиваше 3 бодови, нерешениот резултат беше бодиран со 1 поен, а поразениот со 0.