
Околу 12 илјади странски борци од 50 земји, меѓу кои и Аерика, се борат во Сирија од почетокот на војната пред повеќе од три години, соопшти денеска заменик-портпаролот на Стејт департментот, Мари Харф.
Се проценува дека повеќе од 100 американски државјани пробале да стигнат со Сирија за да им се приклучат на радикалните исламистички групи кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува АП.
„Сите тие, можеби и повеќе не се таму“, рекла Харф не проценувајќи го бројот на Американци кои учествувале во оружените борби во Сирија.
Американските официјални лица не можат да утврдат каде се врши организираниото врбување на американските граѓани, како што е тоа случај во Европа, но Вашингтон предупреди дека борците од Западот се изложуваат на екстремно опасен ризик, посебно ако потоа се вратат во земјата.
Најмалку 180 илјади луѓе погинале во Сирија од избивањето на војната во март 2011, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.