
Турски археолози откриле темли на верски објект на подрачјето Улпијана на Косово, откриениот дел кој наликува на цвет најверојатно е крштелница, пренесува косовската телевизија „Клан Косова“. Раководителот на археолошката екипа, Халук Четинкаја, верува дека тука се наоѓа најстарата црква во светот, а не само на Балканот.
„Дел од црквата е откриен во 2013 година, сега ја откривме целосно. Тоа е најстара црква која до сега е откриена. Убеден сум, според научните тестови, дека оваа црква им припаѓала на светиците Флора и Лаура, чие потекло е од Констатинополис, сега Истанбул“, изјави Четинкаја.