
Во текот на вчерашниот ден, тим на ВМРО-ДПМНЕ составен од функционери во извршната и законодавната власт го посети с. Дебреште во општина Долнени.
Преставникот од највисокиот партски орган ИК, Ашим Зеќироски, пратениците Алим Билали и Исмајлоска Нола ги продолжија своите посети низ Република Македонија во средините кадешто преовладува муслиманско население.
Со зачестеноста на нивното присуство и најавени редовни посети се покажува дека ВМРО ДПМНЕ не само што не ги заборавила овие краишта, туку преку партиски функционери сака добро да се запознае со нивното секојдневие, проблеми, идеи…
Голем број на граѓани дојдоа на средбата во село Дебреште и истакнаа дека навистина им се допаѓа што и после избори ВМРО ДПМНЕ не заборава на нив. Со големо задоволство ги отпоздравија овие чекори на партијата и нивните заложби за подобрување на актуелните состојби. Беа поставени прашања, споделени повеќе идеи и размислувања.