
Јас тренирам во Бугарија, таму викендот се состои од официјални тренинзи, а во саботите и неделите се одржуваат трки. Досега имам освоено три пехари за трето место и два пехари за второ место, ми недостасува уште пехар за прво место, вели Јане.
Македонија досега немала преставници во возење на картинг кои постигнале некои позначајни успеси, но затоа можеме да се надеваме на такви во иднина, бидејќи сега имаме млад и талентиран возач, кој со само 9 години веќе освојува титули. Тој е нашата надеж дека ќе прерасне во врвен картинг возач кој ќе не претставува на европско и светско ниво. Јане Трпков е шампион на есенскиот дел на шампионатот за основни и средни училишта во картинг во Македонија. Тој сега тренира во Бугарија, картингот го засакал на 8 години кога и прв пат седнал во него, а досега има освоено две пехари за второ место и три за трето.
„ Татко ми прв пат на картинг ме однесе на 8 години, на почетокот ми беше чудно, но интересно. Возев многу бавно, ги учев командите, но како поминуваше почнав да возам побрзо и тогаш посакав да продолжам да возам картинг. Јас тренирам во Бугарија, таму викендот се состои од официјални тренинзи, а во саботите и неделите се одржуваат трки. Досега имам освоено три пехари за трето место и два пехари за второ место, ми недостасува уште пехар за прво место. Го сакам овој спорт бидејќи сакам брзо возење, има андреналин кога сум на патека, а во просек возиме со 75 км/чс, вели Јане.
Негова желба е и во идина сака да продолжи да вози картин професионално, да учествува на големи натпревари и секако да освојува титули.
„ Сакам и во иднина да продолжам професионално да возам картинг, да учествувам на големи натпревари и да освојувам титули. Не е воопшто лесно да се вози картинг, треба да се научат правилно траекториите, за да победиш е потребна тактика, односно каде да се забраза, а каде да се намали брзината. Јас имам тренер и пред секоја трка тој ме советува на што треба да внимавам, како да тргнам на стартот, како да ги престигнам другите, како да ги затворам другите возачи, на кои делови од стазата можам да ги поминам другите возачи, односно каде имам најголема предност, ни раскажа младиот талентиран возач.
Академијата Ротекс е светска фирма за производство на мотори, кои што се имплементираат не само во картинзи, туку во сите типови на возила. Тие се најголемите доставувачи на мотори во картинг и заради тоа имаат своја акедемија. Во таа академија има деца од 7 до 9 години, кои се селектирани од различни земји и различни региони, а од акадамијата добиваат целосна стипендија која е во висина од 20.000 евра. Од овој регион во селекција имало 110 деца, од тие деца била направена селекција на 72 деца во две групи и потоа една група од 34 деца. Во таа група бил и Јане, но и покрај тоа што и таму имал најдобро време завршил на третото место, бидејќи на некој од тестовите за моторна реакција бил поспор. Стипендијата вклучува и организација на целокупниот шампионат, како и на сите натпревари кои се на многу високо ниво.
Јане од академијата добива картинг, комбинезон и кацига. Картингот чини околу 6.000 илјади евра, кацигата 1.700 евра и комбинезонот 950 евра. Овој спорт е скап, а секако не може без механичари, па заради тоа на секој трка има механичар кој е платен од академијата. Има шест викенди, во кои се возат по две трки, односно една трка во сабота и една во недела.
Трките се возат во Бугарија и Грција, два натпревари се одржуваат во Серас, два во Ќустендил, еден во Хасково и еден во Пловдив. Од наредната година Јане веќе нема да може да вози во оваа акадамија бидејќи ќе наполни 10 години.
Сопственикот на Арт картинг центарот кој се наоѓа во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Коки Ангеловски е еден од подржувачите на талентираниот Јане. Тој накратко ни објасни кои се неговите можни опции за во иднина.
„ Наредната година на Јане му се отвараат два можни правци, еден е да продолжи во другиот тип на шампионат повторно во Академија која е од 9 до 14 години, а веќе таму работите се уште посериозни. Другата опција е да видиме како ќе се развива и како ќе се реализираат сите финансиски средства за евентуално да оди некаде подалеку, вели Ангеловски.
Тој понатаму посочува дека во Македонија единствено има шампионат на средни и основни училишта во картинг кој го организира Арт картинг центар во договор со Федерацијата на училишен спорт. Сите основци и средношколци кои што доаѓаат да возат картинг и се членки на училишната Федерација имаат попуст во споменатиот картин центар, а на крајот од годината таму се одржува завршен натпревар.
„ Имаме систем за електронско мерење на време, базата на податоци се полни со сите што возеле и секое од децата кога ќе дојде да вози, нивното постигнато време автоматски влегува во селекцијата за тој шампионат и на крајот од годината се огранизира завршниот натпревар. Арт мото спорт ја има лиценцата за работа на картинг центарот, а и целокупната подршка за Јане е обезбедена преку овој картинг центар. Сите оние кои имаат сопствени натрпреварувачки картинзи стазата за нив е бесплатна. Годините не се предуслов за да се почне да се вози картинг, туку предуслов е висината за да можат да се достигнат командите. Натпреварувачките картинзи се до 110 сантиментри, па секое дете со 110 сантиметри може да седне и да вози, објаснува Ангеловски.
Тој понатаму додава дека многу луѓе не знаат дека не е препорачливо децата да седнат во картинг до својата седма година, бидејќи рбетниот столб се уште работи, а кај картингот има многу микровибрации кои што влијаат на пршлените и не му дозволуваат на детето да расте.
Патеката на Арт картинг центарот е долга 500 метри, па заради тоа стазата само за 100 метри не ги задоволува стандардите за да може да влезе во натпреварите од регионален карактер, но во идина се планира продолжување на стазата. Овој картинг центар располага со 12 картинзи, а максимум 8 картинзи можат да возат во исто време.
Извор: Sportmedia.mk