
Четири нови случаи на жолтица во Штип. Во Скопје состојбата е стабилна. Со ова бројот на заразени од жолтица во Штип се искачи на 30.
Најкритична е состојбата во дивоизградените населби Балканска, Каваклија, Шардаван баши и поранешниот објект на Психијатриската болница, каде привремено живеат повеќе ромски семејства.
Во овие населби има и најмногу диви чешми.
Од надлежните институции информираат дека епидемиолозите работат на терен. Се препорачува одржување лична хигиена со цел да се избегне заразата.