
Денеска почнува хуманитарна акција за собирање училиштен прибор наменет за децата од социјално загрозените семејства.
Традиционално, и оваа година секој кој сака да придонесе во оваа акција, школскиот прибор може да го донира и да го донесе во продавницата „Биокосмос“ која се наоѓа зад Работничкиот дом „Кочо Рацин“, на паркингот на ССМ. Може да се најавите и на телефонскиот број 02/ 240-3768.
Хуманитарната акција ќе трае до 31 август.