
Двајца Палестинци се убиени во текот на ноќта при нападот на израелската авијација на појасот Газа. Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта 16 пати бил бомбардиран појасот Газа, а дека Палестинците испукале една ракета во Израел.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, апелираше вчера, жителите на Газа да ги напуштат сите места каде се сместени припадниците на Хамас.
Од 8-ми јули, вкупно 2.122 Палестинци погинале кога израелската војска ја започна ореацијата во појасот Газа, кој е под власт на Хамас.
На израелската страна има 68 жртви, од кои 64 војници и 4 цивили.