
Ракометната ѕвезда на РК Вардар Тимур Дибиров одговори на предизвикот и се полеа со ладна вода.
Треската од хуманитарната акција „ ice bucket challenge “ ја зафати и Македонија. Познати личности од естрадата, спортисти, но и многумина други го прифатија предизвикот и се полеаја со ладна вода.
Еден од нив е ѕвездата на ракометниот клуб Вардар, Тимур Дибиров. Тој ги номинираше директорот на клубот Давор Стојановски и заменикот на директорот Марко Савовски.
Заменик директорот на РК Вардар Марко Савовски експресно одоговори на предизвикот на Тимур Дибиров, а ги номинираше Илчо Наумоски и Страхиња Милиќ.