Мурињо трпелив кон Торес

Предводникот на Челзи, Жозе Мурињо, изјави дека ќе обезбеди место во клубот за Фернандо Торес и оваа натпреварувачка кампања.

Португалскиот фудбалски стручњак го одмораше Шпанецот, а лондонските „Сини“  славеа со 2:0 во дуелот со Лестер, поради што медиумите тврдеа дека Торес ќе настапува за друг фудбалски состав.

„Ќе им понудам можност на фудбалерите од клупата, потребни се квалитетни резерви. Торес одмораше бидејќи позициите беа покриени“, вели Мурињо.

„Ќе располагам и со двајца офанзивци на клупата за резерви, успеавме против Лестер. И другите ќе можат да се истакнат во преостанатите дуели“, нагласи искусниот Португалец за медиумите од Англија.

Околу Торес беа заинтересирани италијанските фудбалски тимови Рома, Јуве и Милан.

„Потребни се тројца во офанзивниот ред, Торес ќе може да се истакне, ќе постигнува и погодоци. Тој е одлично момче, квалитетен фудбалер и врвен професионалец“, заклучи Мурињо.

Торес на „Стемфорд Бриџ“ се пресели од „Енфилд роуд“ и на 172 натпревара за Челзи успеа да постигне 45 погодоци.