Победа на Барса на старотот од Примера

Барселона синоќа на „Камп Ноу“ го совлада Елче со 3:0 и новата сезона во Примера ја започна со победа на домашен терен.

Со голот на Лионел Меси во 42 минута, „Каталонците“ ја поведоа победата, а само две минути подоцна Маскерано доби црвен картон. Во вториот дел од натпреварот, иако со играч помалку, Барса постигна уште два гола, поставувајќи го конечниот резултат. Стрелци беа Мунир Ел Хадиди во 46-та минута и Меси со втор гол во 63. минута од натпреварот.

На другите натпревари од 1.коло беа постигнати следниве резултати: Леванте – Виљареал 0:2, Селта – Хетафе 3:1, Еибар – Реал Сосиедад 1:0, Алмерија – Еспањол 1:1, Гранада – Депортиво 2:1, Севиља – Валенсија 1:1 и Малага – Атлетик Билбао 1:0.

Вечерва се играат последните два натпревара од воведното коло: Реал Мадрид – Кордоба и Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид.