(ВИДЕО ) „Леден предизвик“: Наместо со вода, се полеа со сопственото млеко?!

Триесетгодишната актерка, Оливија Вајлд, се приклучи кон хуманитарната акција „ce Bucket Challenge“, но нејзиното видео е сосема поинакво.

Наместо со нормална кофа со вода, ѕвездата од „Доктор Хаус„ и „Трон“, одговори на предизвикот на својот балкон во Њујорк и тоа полевајќи се со сопственото млеко.

Со оглед на тоа што има четиримесечен син, таа вели дека не знае што да прави со толкава количина на млеко.

Доколку Оливија сакаше да го сврти вниманието на јавноста кон неа, приклучувајќи се кон оваа хуманитарна акција, успеа во тоа, но наместо поддршка доби само критики од огорчените обожаватели.