Денеска без вода Центар, утре Аеродром

Поради дефект на водоводната мрежа, денеска без вода, околу `13 часот останале жителите од улицата Бел Камен 99. Корисниците без вода ќе бидат се до санирање на дефектот.

Утре, пак, дел жителите од општина Аеродром во периодот од 9 до 14 часот ќе останат без вода.

Без вода ќе бидат корисниците на потегот од улицата Трета Македонска Бригада до фабирката Алкалоид. Исто така, без вода ќе бидат и корисниците од ниската зона на потегот од Железничката станица до улицата Венјамин Манчуковски, како и фирмите: Мегамонт, 29-ти Ноември, Алкалоид и Крушево Експо.