
Седумнаесетгодишната Марина Стојановиќ, која се водеше како исчезната, е пронајдена во куќата на нејзиното момче, со што се отфрлаат сите сомнежи дека била киднапирана.
-Утврдено е дека побегнала низ прозорецот од нејзината соба и заминала со момчето, кое има проблематично минато.
Марина била во контакт со родителите, кои знаеле каде е, а причините за нејзиното заминување од дома се караница со својот татко поради својот љубовен живот.
Девојката и пред две години избегала од дома, а тоа нејзините родители го пријавиле во полиција.