
Над 120 здравствени работници починале од вирусот ебола во западноафриканските држави, а заразени се најмалку 240, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).
Во своето соопштение од СЗО велат дека тоа се здравствени работници кои работат во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Лене.
СЗО нагласува дека епидемијата на ебола зафатила голем број медицински лица, што е без преседан.
Досега над 1.400 лива починаа во епидемијата на ебола во Западна Африка.