
Сведок на судењето во случајот „Претседавач“ му се слошило и паднал додека сведочел во судницата, потврдија за Канал 5 од кривичниот суд.
Сите присутни во судница веднаш се обиделе да му помогнат, и да му дадат прва помош,во меѓувреме е повикано и возило на Итната помош и човекот е однесен во Градската болница 8 септември .
Од таму за Канал 5 велат дека состојбата на сведокот е критична и му прават обиди за реанимација.
Сведокот инаку бил магационер во Машинопромет и денеска бил повикан да сведочи на судењето во кое првообвинет е претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ.
Присутни во судницата велат дека сведокот уште пред да почне да сведочи рекол дека е возбуден. Но по кратко сведочење на магационерот му се слошило и паднал.