
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го поздрави прекинот на огнот во Појасот Газа, предупредувајќи ги Израел и палестинските милитанти дека секое нарушување на примирјето ќе биде крајно неодговорно.
– Генералниот секретар ја поздравува најавата за неограничен прекин на огнот во Газа, во посредство на Египет. Светлата иднина за Појасот Газа и Израел зависи од одржливиот прекин на огнот – изјави портпаролот на ОН.
Според него, Бан верува дека „мировните напор мора да стигнат до коренот на спорот, со цел да се избегнат идни насилства“.