
Панда која била во центарот за вештачко оплодување во кинескиот град Ченгдуу симулирала бременост за да добие поголемо внимание и подобар третман.
Со оглед на тоа што пандите потешко се размножуваат во заробеништво, бремените женки имаат посебен третман во простории со клима уреди, повеќе храна и постојан ветеринарен надзор.
Иако пандата ги имала првите симптоми, подоцна ветеринарите воочиле дека однесувањето на Аи Хин се вратило во нормала како и нејзините физиолошки показатели. Агенцијата „Синхуа“ јавува дека не е невообичаена појавата на фантомска бременост кај овие загрозени животни. Женките панди кои веќе имале потомство и уживале во посебен третман, подоцна често покажуваат симптоми на бременост бидејќи им се допаѓа дополнителното внимание и грижа.
– Тие тогаш добиваат дополнителни порции на сладок леб, овошје и бамбус. Некои исклучително интелигентни женки често ја користат таа ситуација за да уживаат што е можно подолго – изјавил еден стручњак од ценатрот.
Во природата се останати помалку од 1.600 панди, повеќето се во кинеската покраина Сечуан , додека во заробеништво ги има околу 300 единки.