
Чарлс Вака, воен ветеран од САД, почина во понеделникот откако девојче кое го учел да пука несакајќи му нанело смртоносни прострелни рани. Деветгодишното девојче учело да пука со узи, а Чарлс бил нејзин личен тренер.
Откако еднаш пукнала со узито, тренерот и рекол да се префрли на рафално пукање.
Потоа девојчето поради повратниот удар од силата на оружјето го свртела истото кон тренерот.
Вака бил префрлен во болница, каде што и починал. Девојчето, чие идентитет не е откриен, било на одмор со родителите, па го посетиле стрелиштето Bullets and Burgers. Таму стрелањето е легално, па поради тоа нема да се покренат никакви обвиненија.