Јуве главен кандидат за титулата

„Старата дама“ пак е на пол-позицијата во Италија, но има конкуренција во неколку екипи кои го сакаат тронот, пишува Македонски спорт

И во новата сезона од Серија „А“, екипата на Јувентус важи за главен кандидат за освојување на титулата и нема вистинска конкуренција. Старата дама е во предност во однос на противниците и доколку сè оди според предвиденото тогаш за очекување е составот на Јуве да стигне до нова круна.

Тука никако не смее да се заборави на Рома, Наполи и Интер, тимови коишто би требало да влезат во битка за висок пласман. Сепак, една работа е јасна за секого. Првенството е силно толку колку што е силен Милан.

АЛЕГРИ ГО НАСЛЕДИ КОНТЕ

Најголемата промена во текот на летото се случи во таборот на Јувентус, каде што дојде до смена на тренерската позиција. Антонио Конте ја заврши соработката со Јуве иако успеа да освои нови титула. Тој сега е на селекторското место во репрезентацијата на Италија, додека на неговото место се најде поранешниот тренер на Милан, Масимилијано Алегри.

ИНЗАГИ ДОБИ ШАНСА ВО МИЛАН

Шампионот не е единствен кој во новата сезона ќе тргне со нов тренер. И екипата на Милан ќе стартува со стратег од кој ќе се очекува да покаже дека има квалитет за големи резултати.
Доколку тој успее да ја пронајде вистинската формула, тогаш можеби и „росонерите“ ќе влезат во трка за висок пласман.

РОМА ОСТАНА БЕЗ БЕНАТИЈА

Вицешампионот од минатата година, Рома, остана без еден клучен фудбалер. Мехди Бенатија се пресели во Бундес-лигата во редовите на Баерн Минхен, но на негово место има нови играчи. Рома ангажираше неколку фудбалери кои треба да донесат многу поголема конкуренција. Итурбе, Манолас и Најнголан се фудбалери кои сигурно ќе знаат како треба да ја однесат Рома и скалило погоре.
Ако се гледа според квалитетот ова е тимот кој е најблизу до Јувентус и тим кој може да направи проблеми за шампионот.

ЈУВЕ САКА ТИТУЛА БРОЈ 4 ВО СЕРИЈА

Составот на Јувентус има мисија да дојде до титула број 4 по ред со што ќе го израмни резултатот со генерацијата од 30-тите години на минатиот век. Покрај тоа со четири победи во серија може да се пофалат и Торино и Интер. Тимот на Јувентус повторно е компактен и со неколкуте нови имиња доволно конкурентен на секоја позиција. Сепак, како што велат причината за неизвесноста, односно непрогласувањето на Јуве за шампион уште пред почетокот е новиот тренер, Масимилијано Алегри.

ПОСЛЕДНИ 10 ШАМПИОНИ
2004/05 НЕМА ШАМПИОН
2005/06 ИНТЕР
2006/07 ИНТЕР
2007/08 ИНТЕР
2008/09 ИНТЕР
2009/10 ИНТЕР
2010/11 МИЛАН
2011/12 ЈУВЕНТУС
2012/13 ЈУВЕНТУС
2013/14 ЈУВЕНТУС