
Пливачката федерација на Македонија и ЈПУЗПП „Јасен“ денеска организираат спортска манифестација „Македонскиот куп во далечинско пливање Козјак 2014“.
Во рамки на спортската манифестација чиј покровител е Владата на РМ, ќе бидат одржани неколку трки во далечинско натпреварување за различни старосни групи натпреварувачи и промотивна веслачка регата на Веслачката федерација на Македонија.
„Македонскиот куп во далечинско пливање Козјак 2014“ ќе го отвори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.