Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрично напојување ќе останат дел од корисниците од општината Илинден, а додека пак, во понеделник без струја ќе бидат дел од корисниците во општините Карпош, Шуто Оризари и Сарај.
На ден 31.08.2014 (недела) без електрична енергија ќе останат:
• од 08:30 до 23:00 часот корисниците од дел од нас.Илинден. (општина Илинден)
На ден 01.09.2014 (понеделник) без електрична енергија ќе останат:
• од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Бранислав Нушиќ бр. 7. (општина Карпош)
• од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Диме Мечето и ул. Волт Дизни (општина Шуто Оризари), и корисниците од ул. бр. 1, 2, 3, 4 и 5 во с. Грчец (општина Сарај)