Денеска температури до 32 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со попладневна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Ваквото време ќе се задржи особено во северозападниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 32 степена.

Во Скопје во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени. Во дојранскиот регион ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 32 степена.

Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени и почести врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со појава на грмежи. На места се очекува да наврнат и повеќе од 30 литри на метар квадратен воден талог, а ќе има и позначителен пад на дневната температура.