
Триесет и осумгодишен градежен работник од Гостивар се здобил со тешки повреди откако паднал од четврти кат.
Несреќата се случила утрово околу 8:30 часот кога Г.З. изведувајќи градежни работи на градежен објект на улицата Никола Парапунов во гостиварската наслеба Малеари загубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.
Како што информира полицијата, веднаш му била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите итно е префрлен на скопските Клиники.
На местото излегол Јавен обвинител, полициска увидна екипа и претставници на Државниот инспекторат за труд.