
За време на посетата на базата Мердаре во јужна Србија, до границата со Косово српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија е способна да ги заштити својот народ и својата територија.
Вучиќ истакна дека пограничната полиција ќе добие нова опрема за да може поефикасно да ги исполнува своите задачи и да се заштити подобро.
– Животот на полицајците и на припадниците на пограничната полиција за нас е многу важен и не можеме да дозволиме криминалци и криминални групи да крадат и ограбуваат и не само тоа, туку и да доаѓаат и да убиваат членови на српските сили за безбедност, рече српскиот премиер.
Српски пограничен полицаец беше убиен минатата недела во северно Косово при престрелка на граничниот премин Мердаре, меѓу Србија и Косово. Тој се здоби со повреди во пределот на главата, а почина во Военомедицинската академија во Белград.
Министерот за внатрешни работи на Србија. Небојша Стефановиќ, по инцидентот нареди во регионот да бидат испратени зајакнати полициски единици.