
Лекари од Македонија масовно заминуваат на работа во западноевропските и во блискоисточните земји, пишува весникот „Вест“, според официјални податоци од Самостојниот синдикат за здравство.
Во последните неколку години лекарите од Македонија масовно учат германски и норвешки јазик, бидејќи овие западноевропски земји постојано имаат потреба од високо образован медицински кадар.