Отфрлен проектот за изградба на футуристички аеродром во Лондон

Проектот за изградба на нов футуристички аеродром во источниот дел на Лондон денеска е отфрлен, со што е зададен сериозен удар на неговиот главен промотер, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон.

Имено, комисијата која ја именуваше британската влада со задача да ги увиди потребите од аеродром во Велика Британија, соопшти дека не е уверена дека изградбата на голем аеродром на вештачки остров на Темза е вистински одговор за потребите на Лондон, како ни за потребите на воздушното поврзување на цела Велика Британија.

Во соопштението на Комисијата исто така се наведува дека реализацијата на тој проект би била исклучително скапа, а постојат и еколошки проблеми кои е тешко да се надминат.

Одлуката за елиминирање на тој проект, под името „Борисово острово“ според градоначалникот на Лондон, Комисијата остана на три алтернативни решенија, да се додаде трета писта на лондонскиот аеродром Хитроу, да ја продолжи постоечката писта на тој аеродром или да изгради нова пиуста на вториот лондонски аеродром Гетвик.