Украден накит од стан во Скопје во вредност од 720.000 денари

Доцна вечерта во саботата, непознат сторител извршил тешка кражба во стан на улица Васил Ѓоргов во Скопје.  Во домот на М.Н.(68), крадецот влегол преку  балконската тераса  и украл  разновиден златен накит, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 720.000 денари.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.