
За 280 илјади ученици во основните и средните училишта започна новата учебна година. 35 проценти од вкупниот број ученици се Албанци, вели министерот за образовани и наука Абдулаким Адеми.
-Во моментов немаме точен број, бидејќи сите училишта не ни го испратија бројот на ученици. Главно процентот е помеѓу 30 и 35% Албанци и оваа пропорција се однесува за првооделенците, рече Адеми.
Првпат во училишните клупи седнаа 20.000 ученици. Наставата започна и за оние од с. Свилари и тоа во реновираното училиште „Бајрам Шабани“, пренесе Алсат.