
Драматично видео на кое се гледа како човек заразен со ебола бега од карантин во Монворија е објавено на Интернет.
Лекарите успеале да го фатат и го ставиле во амбулантно возило.
Пациентот побегнал од карантинот во потрага по храна.
Една од мештанките изјавила дека грижата за болните во карантинот е толку лоша, што немаат ни што да јадат.
„Пациентите се гладни, без храна и вода. Владата под итно мора да реагира“, рекла таа.
Повеќе од 1.550 луѓе во четири афрички земји починаа од тој вирус од почетокот на епидемијата во март. Во Либерија е најголема стапката на заразеност – со 700 смртни случаи и 1.327 сомнителни или потврдени случаи на зараза.