
Проблематичните точки во градот ќе се решаваат со поставување на попречни сливници, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски по вчерашните поплави предизвикани од силниот дожд.
Тој како пример ја посочи Кисела Вода каде таков сливник има поставено на последна 24 – ка. Детектирани се проблемите, направени се проектите, се чека на постапката за да бидат реализирани, рече Трајановски.