
Во сооибраќајна несреќа на северот од Индија загинале десет лица, меѓу кои седум деца. До несреќата дошло кога камион поради неприлагодена брзина се превртел и ги удрил луѓето на тротоарот.
Портпаролот на полицијата Суреш Сривастава изјави дека несреќата се случила рано утрово недалеку од градилиште во месноста Канпур.
Според него, жртвите биле работници на градилиште и членови на нивните семејства. Возачот на камионот побегнал од местото на несреќата.