
Доколку сте се запрашале дали навистина постои фамозната Г точка, време е да престанате да се грижите за тоа и откријте го подрачјето на ЦУВ. Италијанските лекари тврдат дека наместо Г-точка постои ова подрачје кое ја носи жената до оргазам. ЦУВ ги опфаќа клиторисот, матката и вагината.
Професорот по ендокринологија на Универзитетот Тор Вергата во Рим, Емануел А. Жанини тврди дека целокупното тоа подрачје е посензуално и позначајно од Г- точката. За Дејли Мејл истакна дека, со ова истражување откриле дека постојат многу почувствителни точки од популарната Г-точка.
Ендокринологот Семјуел Вуд изјави дека Г-точката не може да постои, бидејќи таа не претставува никаква физичка структура. Но, признава дека постои т.н подрачје О заслужно за експлозивен ооргазам кај жените, а се наоѓа во близината на клиторисот и малку надвор од вагината.
Вуд, инаку е изумител на О-Шот инјекција која го зголемува либидото и задоволството на жената.