Компани подготвен за настап во Лигата на шампионите

Медиумите тврдеа дека капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани, ќе треба да одмора на дуелите од Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

Како и да е, искусниот одбранбен фудбалер ќе може да настапува против Арсенал и против Челзи, како и во дуелот со Баерн Минхен во елитата на Стариот континент.

Белгискиот фудбалски репрезентативец се опоравил и ќе може да биде на располагање на менаџерот на англискиот шампион, Мануел Пелегрини.

„Ова е одлично за Компани. Може да тренира и ќе настапува за Манчестер Сити, Браво“, порача на „твитер“ селекторот на Белгија, Вилмотс, на подготовките за дуелот со Австралија.

Предводникот на „Граѓаните“ е меѓу најважните фудбалери во редовите на богатиот и квалитетен состав од „Итихад“.