
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во својство на шеф на македонската делегација на НАТО Самитот во Кардиф, се обрати на состанокот на земјите контрибутори во Мисијата ИСАФ во Авганистан.
Тој потенцираше дека Македонија испрати скоро половина од своите војници во меѓународна мисија во одбрана на владеењето на правото.
„Одлични вести се што денес РМ не чувствува закана од ниту еден од соседите, а истото важи и во обратен правец. Дотолку повеќе, дејстуваме заедно во промоција на мирот, соработката и владеењето на правото“, продолжи министерот Попоски.
„Но принципи – како што се владеење на правото, мирно решавање на конфликти, право на само-определување – за да ја задржат својата моќ, треба исто да важат и за моќните и за помалку моќните; и за тие внатре во клубот, и за тие надвор. Инаку, не се принципи,” заклучи тој.