СЗО: Од ебола досега починале 1.900 лица

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 1.900 лица починале од ебола, од вкупно 3.500 потврдени случаи на зараза.

За само една недела, како што покажуваат новите податоци, бројот на смртни случаи е зголемен за околу 400 лица.

Вирусот на ебола е откриен за првпат во 1976 година.

Директорката на СЗО, Маргарет Чан, изрази надеж дека епидемијата може да биде запрена за 6 до 9 месеци, благодарение на меѓународната реакција.