
Италијанските медиуми објавија екслузивна снимка на која се гледа како е убиен еден навивач на Наполи, Чиро Експозито за време на финалиниот меч на КУпот на Италија против Фиорентина.
Експозито (22) е ранет во градите пред олипискиот стадион во Рим на 3 мај. Наптреварот е завршен со победа на Наполи од 3:1. Навивачот најпрво бил во тешка состаојба, а месец и половина подоцна, поточно на 25 јуни, починал.
Непосредно по инцидентот, уапсен е еден навивач од Рома на кој му се суди за убиство.
Италијанските медиуми четири месеци подоцна дојдоа до снимките од местото на трагедијата. На снимката се слуша пукање и паника меѓу навивачите, а потоа се гледа како еден човек паѓа на земја, а останатите повикуваат на помош.