
Денеска ќе имаме променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално врнежите ќе бидат и поизразени со интензивен пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 Целзијусови степани, а дневната од 19 до 27 Целзијусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзијусови степени, а дневната ќе се искачи до 24 Целзијусови степени.
Слично време се очекува и во туристичките региони каде ќе има повремени врнежи од дожд со појава на грмежи особено во попладневните часови. Во охридско-преспанскиот регион температура ќе достигне до 22 Целзијусови степени, а во дојранскиот до 26 Целзијусови степени.
Позначителна промена на времето не се очекува и во наредните денови.