Претепани двајца тинејџери

тепачка

Во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, синоќа околу 21.30 часот, на братучедите Ш.Ш. и Ф.А., двајцата на 14 години, кои биле во друштво на три девојчиња од 14-15 години, во еден момент им пришло едно засега непознато машко лице кое по кратко време се вратило со група од околу 20 непознати машки лица и физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Полицијата соопшти дека од инцидентот, девојчињата се преплашиле и избегнале.

Двајцата нападнати биле пренесени во ГОБ и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.