
Австриската полиција спречи две тинејџерки од Виена да заминат на Блискиот исток и да им се придружат на џихадистите во Исламската држава.На нив сакало да им се придружи и трето девојче од Грац, но ја сопрела мајка и која повикала полиција која потоа ги пронашла тинејџерките од Виена.
„Девојчињата на возраст од 14 и 15 години порано и биле пријавени на полицијата како исчезнати,“ изјави претставникот од австриското министерство за внатрешни работи, Александер Мараковиц.
Се уште е нејасно како и зошто девојчињата сакале да им се придружат на џихадистите во Ирак и Сирија, на полицајците им кажале дека не ја сакаат Австрија.
Ова не е прв случај деца од Австрија да се одлучат да се придружат на Исламската држава.