Претседателот на Собранието на Република Македонија,Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседателот на норвешкиот Стортинг, денеска и утре ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти во Осло, Норвешка.
Во рамките на Конференцијата претседателот Вељаноски ќе се обрати на првата сесија: “Основни уставни права и слободи – учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија”.
На вториот ден од Конференцијата претседателот Вељаноски ќе се обрати на третата сесија: “Мнозинство и опозиција – постигнување баланс во демократијата”.